Попустливоста на законот пред моќта на кешот

Неколку денови веќе Министерството за информатичко општество и администрација се фали како овозможиле на веледрогријата МартиАлко да имплементираат бесплатно е-продавница преку која ќе ги пласираат своите производи. Како е возможно на оваа веледрогерија да се дозволуви да добие проект на владата кога со отварањето на нивната интернет страница ќе се утврди дека се кршат закони. На самата страна со клик на Брендови линкот ќе не одведе кон брендовите што тие ги продаваат. Покрај козметиката тука имаме препарати кои со закон се забранети да се рекламираат и да потикнуваат зголемување на продажбата.

norlevo

Како е можно анти-беби пилулите Norlevo за спречување на рана бременост да се рекламираат и да потикнуваат нивна зголемена продажба преку оваа интернет страница кога содржи концентрација на хормон кој може да предизвика различни компликации доколку се користи често и несоодветно. Законската регулатива на Република Македонија јасно гласи дека лекови не смеат воопшто да се рекламираат на ниту еден можен начин, па дури и прикриено и не смее да се потикнува нивна зголемена побарувачка.

Рекламирањето на шумливите таблети со Витамин Ц со концентрација од 1000мг на оваа интернет страница исто така подлежи на регулатива за рекламирање. Може да се рекламира само доколку носителот на регистрацијата на производот има одобрение од Директорот на Биро за лекови при Министерството за здравство. Дали имаат некакво одобрение е доста дискутабилно. Пред моќта на кешот секогаш има некој што знае да биде попустлив и да го уништува нашето општество.

Дали Министерството за информатичко општество и администрација, со едногодишното покривање на трошоците за е-продавницата на оваа веледрогерија ја подржува Владата на Република Македонија за зголемување на наталитетот во државата или потикнува спречување на бременост ?

Add comment декември 4, 2012

Поткупот на фармацевтските компании во Македонија

Пред извесен период во Хрватска имаше апсења на лекари и фармацевти поради поткуп на лекарите да препишуваат лекови. Во нашата ни мила држава Директорот на Биро за лекови,  излезе со соопштение дека кај нас немало никаков поткуп и дека лекарите го пишуваат хемиското име на лекот (генеричко).

Кога пациентот влегува во аптека го бара исклучиво името на лекот кој му го препишал докторот и кога фармацевтот ќе му издаде под друго име, а исто генеричко име настанува проблем. Се враќа пациентот кај докторот. Докторот се лути дека не бил издаден лекот со име кое тој го препишал и го критикува пациентот дека заради тоа нема да му делува или пак дека тоа бил друг лек. Пациентот нормално се грижи за своето здравје и настанува конфронтација со фармацевтот во аптека. Директорот на Бирото ова не го гледа, едноставно замижува.

Пациентот оди кај некој специјалист поради одреден здравствен проблем. Докторот дијагностицира одредена болест и му кажува на пациентот дека има лек кој го има исклучиво во некоја аптека која тој ја преферира и пациентот оди исклучиво во таа аптека за да не го навреди докторот и за да си го подобри здравјето. Во таа аптека лекот го добива со енормно повисока цена во однос на другите аптеки. Директорот на Бирото повторно ништо не приметува.

Пациентот оди повторно кај одреден специјалист. Тој специјалист нормално ја дијагностицира болеста и му кажува на пациентот дека лекот може само од кај него да се купи и има доста висока сума. И пациентот повторно го купува лекот затоа што го почитува докторот. Нели лекови се продаваат ислкучиво во аптека ? Господинот директор повторно ништо не гледа.

Фармацевтските компании кај нас имаат претставници кои шетаат по доктори и аптеки за да ги информираат стручните лица за нови лекови (демек). Но тие претставници покрај информирањето нудат и некакви финансиски стимулации. Кај докторите им кажуваат да пишуваат рецепти и потоа ги собираат од аптеките и во зависност од договорот ги даваат финансиските стимулации. Во аптеките пак нудат да се нарача одредена количина на некои лекови со одредена сума за кои исто така нудат стимулации или по единица на лек или пак по тоа да се купи лекови за одредена сума. Потоа тие претставници ги прибираат податоците од веледрогериите и одобруваат суми како финансови одобренија индиректно преку нив. На самите финансови одобренија се назначува од која фармацевтска компанија го добиваш одобрението. И директорот и овој пат ништо не приметува дека има некаков поткуп.

Во последно време фармацевтските компании нудат и некои патувања за Венеција, Банско, Копаоник и кај ли уште не доколку се исполни нормално нормата, како туристички агенции.

Почитуван Директоре на Бирото за лекови, дали знаете дека одобрувањето за огласување на лекови и помошни лековити средства треба вие да го потпишете, а фалери и плакати има во секоја ординација, реклами на телевизија и на интернет. Да ви ги отвориме очите пошто некако слабо гледате или да ви подариме едно патување до некоја посакувана дестинација да се одморите па да прогледате.

Add comment ноември 30, 2012

Што ни донесоа новите цени на лековите ???

Можеме слободно да кажеме дека новите цени на лековите не донесоа ништо посебно. Секогаш кога се прави некаква реформа најдобро е да се консултираат точно тие кои се засегнати од таа реформа, во случајов пациентите и аптеките. Но кај нас повторно како и сите реформи во сите области ги прават нестручни и некомпетентни лица за областа која треба да ја реформираат. Здравствени реформи ни прави правник кој освен што бил во болница и во аптека да купи лекови појма нема нишо друго за здравството. Секогаш се добредојдени реформи, но да се позитивни. Првенствено ветуваа дека ќе имаме загарантирана заработувачка, но не го исполнија ветувањето. Повторно со некои подлчленови и подакти најсуштествениот дел од реформата го унишуваат. Ги согледуваат проблемите и предлагаат реформи, но воочливо е дека свесно ги поткопуваат. Беше толку многу најавувано првенствено дека ќе се намалат цените на 1299 лекови, па на 1200 за потоа да се сведи дека се намалиле само 800, а дали се и толку. И тоа што е воочено дека ништо посебно не се намалени цените на лековите. Намалени се цените на некои лекови кои или многу ретко се употребуваат или пак ги има само за болничка употреба, па се заклучува дека пациентите немаат никаква придобивка. Згора на тоа Фондот за здравство за да не остане и тој имун на новите цени сака да реагира ефикасно, но не знае како. Така прави забуна во аптеките и на 01.02.2012 на денот кога стапуваат на сила новите цени, најавува дека ќе има нова референтна листа на цените на лековите за на рецепт, но не е изготвена и службените лица не знаат што да ни кажат да се прави во аптеките, па не советуваат да не издаваме додека не излезе новата листа. На 02.02.2012 пушта соопштение до веледрогериите да не информираат нас аптеките со ново правило, доколку новата цена на одреден лек е помала од рефернтната да се промени и референтната цена. Ова соопштение не го истакнуваат на својата веб-страница туку оди преку е-меил од веледрогериите до аптеките. Свесно или несвесно повторно сакаат да забоштат нешто. И по кој знае кој пат, кога ќе ги доставиме податоците за издадените рецепти за тековниот месец во подрачните служби на Фондот повторно ќе имаме проблеми и повторно ќе ни одбиваат средства, НЕ ПО ВИНА НА АПТЕКИТЕ. Не принудуваат ние да ревидираме све навремено и ни се закануваат со ригорозни казни со суми од 10000 до 15000 евра, а обврските што треба државата да ги превземе не се извршени. Кога се нивелираат цените нормално е од добавувачите да се има финансово одобрување за количините кои ги имаме во аптеките, но тоа во нашиот систем го нема. Во рок од нецела една година цените се намалувани најмалку три пати дали на лековите кои се издаваат на рецепт или за комерцијална продажба. Тие финансиски загуби ги претрпуваат аптеките. Кога се нивелираат цените системот треба да ги принуди добавувачите да се одобри финансиски она што е на залиха во аптека. Но пофторно реформата останува со недоречности. Министерството за здравство не уверува дека за секоја реформа се косултира со Фармацевтската комора на Република Македонија. А дали е свесен господинот Министер дека Претседателката ТОЗИ е вечна претседателка која освен да собира пари и да си одредува бонуси друго ништо не разбира од “фармација“. Таа претседателка никогаш во животот не работела во аптека нити пак имала некаков контакт со фармацијата освен да ги согледува работите од страна, а секогаш кога се гледаат така странично работите никогаш нема да се воочат конкретните проблеми. Како може, како и во политиката така и во нашата ни Фармацевтска комора едни исти лица целиот свој живот да го поминат како претседатели, секретари односно во фотеља. Најдобрата реформа е ограничување на мандатот, да се сменат лицата што постојано не попречуваат на патот кон успехот, да се остави простор и за други размислувања. Во состојба каква што е во моментов и аптекарите и пациентите ќе бидат во континуитет оштетувани.

Add comment февруари 7, 2012

ZEGIN – монополска експлоатација и на народот и на своите вработени

Деновиве читаме како APPLE преку своите партнери кои ги изработуваат нивните производи ги екплоатираат индиректно работниците во фабриките во Кина, и заради тоа кај голем дел од граѓаните во западноевропските,  ДЕМОКРАТСКИ земји се јавува одбивност према нивните производи со што се решаваат да го казнат APPLE, односно да не ги купуваат тие прозиводи. Таа моралност, таа етичност, во нашето ни мило општество драги читатели ЈА НЕМА. Не само што ја нема туку и се потикнува. Таков пример е компанијата ЗЕГИН која на плеќи на своите вработени долго време создава огромни профити. Со самите почетоци кога интензивно почнува да се шири, првенствено почнува да ги руши платите на дипломираните фармацевти и фармацевтски техничари. Пред дваесет години еден дипломиран фармацевт имаше плата од 2000 до 6000 тогашни марки ( од 1000 до 3000 евра денешни), а во денешно време истиот тој има плата од 200 до 500 евра. Сите аптеки на ЗЕГИН работат секој ден и за празниците. Каде е тука етиката кај сопственикот. Вработените нели треба за викенд да се одморат, нели треба и тие да ги прослават празниците, или тие се наменети само за сопственикот. Се вршат секакви уцени на вработените. Ги обврзуваат да потпишуваат интерни договори за да работат подолг период. Ако некој сака да ја напушти компанијата, да не работи за него, може да биде уценуван дека должел на фирмата, дека направил некоја штета во фирмата, па за да ја исплати мора да работи уште неколку месеци. И на сето ова кое претставува јавна тајна кај нас, повторно нема никаква одбивност, напротив сите се гужваат во нивните аптеки. Дали народов ги изгубил чувствата, дали ни останала трошка од човечноста ???

Add comment февруари 1, 2012

Новите цени на лековите кои ќе важат од 01.02.2012

Толку фалење, толку возбуденост, толку помпезност на  Министерот за здравство, Никола Тодоров (правникот за здравство), кога ја презентираше новата Методологија за утврдување на цените на лековите. Но како и се друго во државава ни наша, така и оваа таканаречена реформа повторно не се имплементира како што требаше. Имено Никола, но Тодоров, не убедуваше, а воедно на седница на Владата која беше јавна, и се пренесуваше на телевизија го убедуваше и Премиерот Никола ни Груевски дека со новата Методологија ќе бидат сите страни задоволени, големопродажба на лекови, малопродажба на лекови, пациентите, и “на крај“ владата. Со новата Методологија аптеките требаше да имаат на лекови до 300 денари загарантирана добивка од 28%, на лекови од 300 до 1200 денари загарантирана добивка од 25% и лековите над 1200 денари со загарантирана добивка од 20%, но не поголема од 1200 денара. Кога излезе листата на лекови со новите цени кои треба да се имплементираат во малопродажбата се увидува дека ЌЕ СЕ РАДУВА САМО ВЛАДАТА. Министерот дали самиот се лажел. дали Премиерот го лажел или едноставно сака и тој да работи со паролата 24/7, никој не знае да ни одговори. Правилникот за новата Методологија е усвоен и истакнат на интернет страницата на Бироо за лекови ( http://reglek.com.mk/dokumentacija.php )и тоа точно така како што не убедуваше Министерот Тодоров, но за жал Методологијата не се применува. Маржите се мали и максимално достигнуваат до 27%, на околу 10% од вкупниот број на лекови, најголемиот дел од лековите имаат маржа од 14% – 18%.Почитуван Министре, почитуван Премиере, почитувана Влада, дали имаат крај овие манипулции со нашата егзистенција и нашите животи

Add comment јануари 29, 2012

Здравствена електронска картичка

Оваа здравствена електронска картичка се најавува уште од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година. Секоја година се најавува помпезно, така и оваа година веќе неколку пати беше најавувана. Фондот за здравство во континуитет реформира нешто (демек), секој месец по нешто ново најавува и реализира, меѓутоа услугата за пациентите која треба да ја нуди, станува се помалку и помалку достапна. Не само услугата што станува потешко достапна, туку и тие што ја даваат таа услуга не можат да ја дадат (не по нивна вина, заради административна бирократија). До сега да сакаа ќе решеа многу проблеми.

Да се навратиме на здраствената електронска картица. Секоја аптека во Македонија користи софтверски програм за да може податоците од пациентите што ги прибира за да ги предаде во ФЗОМ(Фонд за здравство на РМ) за лековите што ги издава. Тој програм во просек чини околу 400-500 евра за инсталирање и месечно одржување околу 25-35 евра. Да платеше секоја аптека по некоја нормална сума, која ке биде прифатлива за сите, до сега ќе се имаше еден заеднички софтвер со заедничка база на податоци за пациентите и ќе беше многу лесно за имплементација на таа долго најавувана здравствена картичка. Но доколку се имплементира таа картица во Фондот за здравство ќе се појават вишок работни места. Со досегашната пракса во ФЗОМ, има вработени кои вршат контрола на примените рецепти од аптеките, други вработени ги контролираат финансиските задолжувања и сега по најново на тие контроли има супер контроли кои ги контролираат контролорите кои претходно ги наведивме. Кога би имало еден добар софтвер сите овие вработени ќе бидат вишок. Другиот проблем е во тоа што ФЗОМ во континуитет крати од средствата кои треба да ги исплати на аптеките за реализација на издадените рецепти, заради некои банални технички грешки (пропуст на печат од доктор на рецептот, печат од заверка, бледа рецепта, не заведен специјалист, субспецијалист или конзилиум, грешни основи на сигурање, пропуст на буква во име…). И  кога би имале електронска картица која ќе фукционира, ќе ги нема тие пропусти. За ФЗОМ веројатно е да кажат дека прават некакви си апстракни реформи, а не да ги решат проблемите. Како е можно да се бламираат, да кажуваат дека спроведиле електронски рецепт, а целата реформа е што ги натерале матичните лекари наместо да ги пишуваат рецептите од сега да ги печатат на принтер, а во едно издаваат електронски картици. Се издаваат електронските картици на пациентите, а нема софтвер во кој сите аптеки и здравствени установи би биле поврзани со заедничка база (со досиета на пациентите). БИТНО РЕФОРМИРАМЕ !!!

КАТАСТРОФА !!!

Add comment ноември 14, 2011

ЗЕГИН – монопол кој ниту една влада не може да го сруши (I дел)

Благој Механџиски, човекот кој беше пуштен легално да шверцува лекови во Република Македонија за време на ембаргата во деведесетите години, за да не остане населението без лекови, денес е направен вистинска монополска империја која неможе да ја разбие ниту една влада. За жал и самиот тој, Благој Механџиски, изјавува јавно дека сите министри за здравство се “листопадни дрвја“, а само тој е “зимзелено“. Благоја Механџиски е истиот тој човек кој ги крати правата на вработените. Лично јас, автор на овој текст, сум работел во неговата фирма и никогаш не ми беше платено осигурувањето, платата се даваше исклучиво на рака во плик, ја носат шоферите кои носат роба. Секојдневен притисок се врши на вработените, се со цел да се најде некоја неправилност за да може да им се скрати од плата. Другата страна која е уште полоша е тоа што се уништува конкуренцијата на секаков можен начин. Како е можно да има закон во нашава држава да може едно лице, или  потесното семејство, да бидат сопственици и на веледрогерија (продажба на големо на лекови) и на ланец на аптеки (малопродажба на лекови). Со ваквата реглатива директно се нарушува основното правото на за пазарна економија. Колку и да биде некој иновативен, никогаш не може да ја постигне моќта на Механџиски да може да му парира на пазарот на малопродажба на лекови…(продлжува)

Add comment ноември 12, 2011

ЗЕГИН – монопол кој ниту една влада не може да го сруши (II дел)

Се прашувате зошто ??? Затоа што веледрогеријата ОТЦ-лековите ги купува по фабричка цена, потоа е логично да става одредена маржа за профит и да ги продава по повисока цена, но во ЗЕГИН тоа поинаку функционира. Таа маржа што се става на фабричката цена се става во малопродажната цена (во сопствените аптеки). Практично веледрогеријата работи без профит. За разлика од ЗЕГИН останатите поединечни аптеки немаат соспствени веледрогерии и купуваат лекови од веледрогерија ЗЕГИН или од останатите веледрогерии, но ги купуваат по повисока цена бидејќи за да бидат рентабилни веледрогериите мораат да имаат некаква заработка (големопродажна маржа) и тука веќе по автоматизам се добива повисока цена во поединичните аптеки. Третата работа која го прави овој човек моќен е Министерството за здравство, поточно Бирото за лекови на Република Македонија. Секогаш има нивна заштита во било кое време. Се случи во аптеката на ЗЕГИН на Битпазар еден од вработените да раствори сируп за деца со 3% хидроген, со што детето лежеше на детската клиника и никогаш не дознавме како заврши тоа дете, бидејќи нормално Чичко Благоја плати дебела сума, а родителите не покренаја никаква тужба. Ај што аптеката не беше повикана за одгворност и соодветно казнена според законите, па дури и вработена која го растворила сирупот не беше исто така повикана за одговорност од страна на Бирото за лекови, освен што беше избркана од работа во ЗЕГИН (дали таа иста вработена може да работи во некоја друга аптека ???). Јас лично како вработен знам дека се продаваа лекови со прелепувани дати на рок (во мои раце држев Виагра таблети со изминат и прелепен рок), знам дека имаше некаков пожар во магацинот, и лековите кои беа со оштетена амбалажа, потемнети шишиња што биле опфатени од пожарот, се продаваа по пониска цена од регуларната во тој период, тие лекови беа одвоени се гледаа на шалтерот во аптеката во МНТ и секој што сакаше можеше да си купи таков лек, и нормално и во овој случај нигдека го немаше Бирото за лекови. Шверцот на лекови пак во континуиет се случува преку ЗЕГИН, главен и одговорен за таа работа е г-динот Слаѓан Јовановиц, десната рака на Благој. Колку само пакувања Дилкоран 80 имаат прошверцувано и самите они не се свесни, и што е најтрагично овие шверцувани лекови ги продаваа по многу ниски цени на локални дилери кои пак ги препродаваа на помалите аптеки за да имаат и тие поголема заработка.
Дали ова претставува пазарно општество, пазарна економија ??? Дали сите имаме еднаков пристап до пазарот????

Add comment ноември 12, 2011